Трамп ја нападна Русија, па најави нови санкции: „Одвратно е тоа што го прават!“

На прашањето дали верува дека санкциите влијаат врз рускиот претседател Путин, Трамп искрено призна: „Не знам дали му пречат“.

од desk2
38 прегледи Фотографија : WhiteHouse.gov 27 јули 2025

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно ја критикуваше Русија за последниот смртоносен напад врз украинската престолнина во кој загинаа 27 лица, меѓу кои и три деца.

Бројката загинати во Киев во вчерашниот руски напад се искачи на 26, денеска нови жртви

„Русија… Мислам дека тоа што го прават е одвратно. Многу тажно. Многу Руси исто така умираат”, изјави Трамп пред новинарите во Белата куќа. Тој, исто така, најави нови санкции на САД против Москва, но не даде конкретни детали.

На прашањето дали верува дека санкциите влијаат врз рускиот претседателВладимир Путин, Трамп искрено призна: Не знам дали му пречат“.

Западните сили веќе воведоа серија економски мерки за ослабување на способноста на Русија да ја финансира војната, но досега резултати нема.

Пратеникот на Трамп Стив Виткоф наскоро ќе отпатува за Москва по завршувањето на разговорите со израелските власти за ситуацијата во Газа. „Да, тој оди во Русија. Верувале или не”, рече Трамп.

Во Советот за безбедност на ОН, високиот американски дипломат Џон Кели откри дека Трамп дал рок од 8 август за постигнување договор за прекин на огнот во Украина.

„Време е да се седне на маса. И Русија и Украина мора да се договорат за мир. Претседателот Трамп јасно стави до знаење дека рокот е 8 август“, рече Кели.

Од друга страна, американскиот Државен секретар Марко Рубио истакна дека и покрај неколкумесечните тајни преговори со Москва, Вашингтон не забележал никаков напредок. Тој додаде дека Трамп наскоро ќе мора да одлучи до каде е подготвен да оди доколку едната страна продолжи да се спротивставува на прекинот на огнот.