Поранешниот американски претседател Доналд Трамп ја одби поканата на украинскиот претседател Володимир Зеленски да ја посети Украина за да го види обемот на руските напади, објаснувајќи дека го почитува Зеленски, но дека таквата посета во овој момент би била „несоодветна“.
„Имам најголема почит кон претседателот Зеленски, но мислам дека би било несоодветно да одам во Украина во овој момент“, рече Трамп, пренесе Newsmax.
Според Трамп, администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден „моментално се занимава“ со Зеленски и тој не би сакал „да создаде конфликт на интереси“.