Трамп ја отпушти директорката на ЦДЦ, таа одбива да си замине

Монарез наводно одбила да поднесе оставка, а нејзините адвокати тврдат дека таа станала „цел“ поради нејзиниот научен став, додека администрацијата инсистирала на нејзино отстранување

од Vladimir Zorba
12 прегледи

Центрите за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) влегоа во фаза на „политички хаос“ откако администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ја отпушти нејзината директорка Сузан Монарез, еден месец откако таа ја презеде функцијата, пишува Гардијан.

Монарез наводно одбила да поднесе оставка, а нејзините адвокати тврдат дека таа станала „цел“ поради нејзиниот научен став, додека администрацијата инсистирала на нејзино отстранување.

Министерството за здравство и човечки услуги (ХХС) синоќа објави дека Монарез повеќе не е на чело на ЦДЦ, без да ја објасни одлуката.

Слични содржини