Трамп ја отпушти шефицата на Статистика за труд поради „лажни податоци“, додека економијата забавува и берзите паѓаат

Истовремено, инфлацијата расте, а довербата на потрошувачите е намалена. Економистите сметаат дека царинската политика на Трамп почнува да влијае негативно на економијата.

од desk2
31 прегледи Фотографија: WhiteHouse.gov 27 јуни 2025

Американскиот претседател Доналд Трамп ја отпушти шефицата на Бирото за статистика на трудот Ерика Мекентарфер по објавувањето на разочарувачките економски податоци. Според Трамп економските податоци биле наместени и манипулирани за политички цели иако за тоа не понуди никакви докази. Објавата на Трамп дојде откако бирото објави месечни податоци за работните места кои покажуваат изненадувачки слабо вработување во јули и големи ревизии надолу на растот на работните места во претходните два месеци.

Претседателот Трамп го искажа својот бес поради слабоста на пазарот на трудот во петокот, велејќи без докази дека податоците се „наместени“ и дека го отпушта службеникот на Министерството за труд, потврден од Сенатот, одговорен за собирање на бројките секој месец, пренесува Њујорк Тајмс.

Најновите економски показатели укажуваат на забавување на економијата. Истовремено, инфлацијата расте, а довербата на потрошувачите е намалена. Економистите сметаат дека царинската политика на Трамп почнува да влијае негативно на економијата.

Во долг пост на социјалните медиуми , Трамп рече дека му наложил на својот тим да ја отпушти Ерика Мекентарфер, комесарката на Бирото за статистика на трудот, која беше потврдена на двопартиска основа во 2024 година.

Лошите економски вести предизвикаа пад на Волстрит и ги зголемија очекувањата за намалување на каматните стапки од страна на Федералните резерви.