Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека ќе потпише извршна наредба за „привремено запирање на имиграции во САД“ заради коронавирусот.

Тој, меѓутоа, не образложи како тоа ќе влијае на програмите на имиграција, а Белата куќа се уште не објави никакви детали. Од друга страна, неименуван функционер, за кој АП вели дека е запознаен со плановите, рекол дека наредбата ќе биде насочена кон спречување на добивање на дозвола за живеење и работа во САД.
Тоа ги вклучува лицата кои бараат работа во САД на основа на зелена карта и роднини на сопственици на зелена карта, кои не се државјани на САД.
Околу милион луѓе добиле зелена карта минатата година.