Оваа изјава беше направена од Генералштабот на воздухопловните сили на САД на прес-конференција во Вашингтон.

  Генералот на воздухопловните сили наведе дека некои од воените лица што ќе бидат испратени на јужната граница на земјата ќе бидат вооружени.

“Мислам дека претседателот појасни дека граничната безбедност влијае на националната безбедност” , рече О’Шонаси.

Првите 800 војници веќе се испратени на државната граница на САД и Мексико. Тие ќе бидат лоцирани во Тексас и Аризона.

Овој потег сепак факт е дека е  пред  изборите на 6-ти ноември за конгресот. Тие се важни за претседателот Доналд Трамп. Тој се надева дека ќе ја задржи доминацијата на Републиканската партија.

  Ако републиканците ја изгубат контролата врз Претставничкиот дом или Сенатот, можеби ќе биде потешко Трамп да продолжи со својата политичка програма во наредните две години.

Според истражувањето на Пју истражувачкиот центар спроведено кон крајот на септември и почетокот на октомври, 75 отсто од републиканците сметаат дека илегалната имиграција е многу голем проблем , во споредба со 19 отсто од демократите.

Претходно весникот “Вашингтон пост” напиша дека американскиот претседател Доналд Трамп издал специјален указ за затворање на земјата од мигранти, и дека испратил војници до границата.

За различни цели  околу 6.000 луѓе од Централна Америка се насочени кон американско-мексиканската граница со намера да влезат во САД.