Трамп ќе ја напушти Белата куќа доколку Изборниот колегиум ја потврди победата на Бајден

од Stefanija Kuzmanovska
473 прегледи

Доналд Трамп изјави дека ќе ја напушти Белата куќа доколку Изборниот колегиум ја потврди победата на демократскиот кандидат Џо Бајден на претседателските избори, објави „Ројтерс“.

Инаугурацијата на Бајден за нов претседател на САД треба да се одржи на 20 јануари следната година.

Зборувајќи пред новинарите на Денот на благодарноста, Трамп исто така рече дека неодамнешните избори во САД се измама, но не понуди конкретни докази за нерегуларности во гласањето.

Тој исто така одби да каже дали ќе присуствува на инаугурацијата на Бајден.

Слични содржини