Трамп ќе стави потпис на ревидираниот судбоносен документ – наредба за имиграција!

од desk2

Претседателот на САД ќе ја погледне ревидираната извршна наредба за имиграција, со која привремено ќе се забрани влез во земјата на граѓаните од одредени земји.

Доцна вечерва, по наше време, но по американско се очекуват претседател Доналд Трамп да ја потпише ревидираната извршната наредба за имиграција, со која привремено ќе се забрани влез во земјата на граѓаните од некои земји во Блискиот Исток и Африка и со која ќе биде избришана програмата за бегалци, изјави висок функционер од Белата куќа, пренсеува FOX News.

Советникот на шефот на државатаа Кели Конвеј потврди дека Трамп ќе ја прифати новата заповед денеска. Покрај тоа Конвеј прецизира дека новата верзија ќе вклучува “шест или седум” точки кои ќе ги објаснат овие области. Конвеј додаде дека во следните промени ќе бидат воведени: граѓаните на Ирак, кои нема да бидат вклучени во листата за привремена забрана за патување, забраната за влез во земјата нема да важи за сириските бегалци и лица со постојан престој нема да бидат засегнати од извршната наредба.

Слични содржини