Американскиот претседател Доналд Трамп денес направи паралела помеѓу сегашниот иранско-израелски конфликт и конфликтот меѓу Србија и Косово за време на неговиот прв мандат, кој, како што изјави, се закануваше да се претвори во војна, но тој го спречи.
„За време на мојот прв мандат, Србија и Косово се судрија жестоко, како што правеа со децении, а овој долгогодишен конфликт се закануваше да се претвори во војна. Јас го спречив. Бајден ги оштети долгорочните перспективи со некои многу глупави одлуки, но tpa повторно ќе го поправам!“, објавил Трамп на својата социјална мрежа „Truth Social“.
Трамп нагласи дека Иран и Израел треба да постигнат договор и дека ќе го постигнат, наведувајќи дека на ист начин ги убедил Индија и Пакистан да постигнат договор и дека во тој случај ја искористил трговијата со Соединетите Американски Држави „за да внесе разум и кохезија во разговорите со двајца одлични лидери кои беа во можност брзо да донесат одлука и да го спречат конфликтот“.