Трамп ќе разговара со Путин, откриени сите детали

од Nikola Popovski
129 прегледи

Американскиот претседател Доналд Трамп, објави дека ќе разговара телефонски со рускиот претседател Владимир Путин во понеделник на 19-то мај. Разговорот со рускиот лидер е закажан за 10 часот наутро по американско време. Главните теми ќе бидат завршувањето на конфликтот во Украина, кој одзема животи на голем број и Руси и Украинци, а втората тема ќе биде трговијата, напиша Трамп на својата социјална мрежа „Тruth Social“.

Потоа Трамп ќе разговара со Володимир Зеленски.

„Се надевам дека ќе биде успешен ден, дека ќе се постигне прекин на огнот и дека оваа војна, која никогаш не требаше да се случи, ќе заврши“, информира Трамп. Потоа, американскиот претседател има намера да разговара со неколку лидери на земјите-членки на НАТО.

Трамп најави дека следствено на тоа, ќе разговара и со украинскиот лидер, Володимир Зеленски.

Претходно денес, американскиот државен секретар Марко Рубио и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров разговараа по телефон.

Да потсетиме дека директните преговори меѓу делегациите на Русија и Украина се одржаа во петокот во Истанбул. Преговорите траеја речиси два часа. Рускиот претседателски помошник Владимир Медински, кој ја предводи руската делегација, најави голема размена на затвореници со Украина, 1.000 за 1.000.

Да потсетиме дека Трамп изјави дека ништо нема да се случи меѓу Русија и Украина, во однос на мировниот договор, сè додека лично не се сретне со рускиот претседател. Неговата реакција уследи по информацијата дека Путин нема да присуствува на мировните преговори во Турција.

Додека Зеленски лично патуваше во Турција, Путин ја испрати својата делегација. Рускиот претседател не дојде во Истанбул и покрај поканата на украинскиот претседател директно да разговараат за завршување на војната по повеќе од три години борби.

Путин и Зеленски разговараа лично за прв и последен пат во декември 2019 година.

Слични содржини