430
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека може да воведе нови санкции против Русија доколку нејзиниот претседател Владимир Путин одбие да преговара за крај на војната во Украина.
Трамп не даде детали за можни дополнителни санкции, но потсети дека САД веќе воведоа „строги санкции“ кон Русија за нејзината инвазија на Украина во февруари 2022 година, објави Ројтерс.
Тој, исто така, рече дека неговата администрација размислува да испрати оружје во Украина, нагласувајќи дека Европската унија треба да направи повеќе за да ја поддржи Украина.