Трамп: Кој ќе врати со зголемување на царините, ќе добие ново зголемување

од desk2
10 прегледи

Претседателот на САД, Доналд Трамп, објавувајќи ги новите високи, единствени царини за увоз на стока од најмалку 14 земји, предупреди и дека секој обид на тие земји да воведат противмерки би довел до дополнително покачување на царините.

Во објавите на неговата социјална мрежа Трут Соушл тој ги објави скенираните писма испратени на водачите на тие земји, во коишто ги наведува новите царински стапки.

Од Балканот, во оваа тура нови царини добија Србија и Босна и Херцеговина.

„Ако решите да ги зголемите царините, износот на зголемувањето се додава на постоечката стапка“, пишува американскиот претседател во писмата.

Трамп веќе со години тврди дека трговскиот дефицит значи дека другите земји ги искористуваат САД, нешто што бројни економисти го оспоруваат. И додека со Јапонија (68,5 милијарди долари) и Јужна Кореја (66 милијарди долари) дефицитите се високи, земји како Мјанмар имаат релативно незначителен извоз во САД – главно душеци и текстил. Од Лаос најмногу доаѓаат оптички влакна и облека, додека од Казахстан нафта и метали, а од Јужна Африка благородни метали.

Новите царини на Трамп беа оспорени во почетокот на мај пред федерален суд, којшто пресуди дека претседателот немал законско овластување да се повика на законот за вонредни ситуации. Администрацијата се жалеше, а Вишиот суд дозволи царините да останат на сила додека трае постапката.

Досега од најавените 90 трговски спогодби, САД има потпишано рамковни договори само со Обединетото Кралство, Виетнам и прелиминарна спогодба со Кина.

Трамп воведе нови царини: Најлошо поминаа Камбоџа, Бангладеш, Србија и Босна