Трамп: Ме бараат и ми го бакнуваат задникот, умираат од желба да се договориме за царините

од Nikola Popovski
120 прегледи

Претседателот Доналд Трамп се пофали во вторникот вечерта дека светските лидери се во паника поради неговите огромни глобални царини за увоз на стоки и производи.

„Повеќе земји ме бараат и ми го бакнуваат задникот. Умираат од желба за да склучат договор“, рекол Трамп за време на неговото обраќање пред Националниот републикански конгресен комитет.

„Умираат од желба да се договориме“, додал тој. Со тоа, Трамп ги исмевал светските лидери кои го молеле за договор.

„Ве молам, ве молам, господине, да се договориме. Ќе направиме се“, го имитирал Трамп наводното однесување на дел од погодените емји.

Трамп, исто така, се пофалил дека ги имал „најуспешните 100 дена во историјата на оваа земја“, очигледно заборавајќи на громогласните падови на светските берзи откако ги објави своите царини, гневните републикански состаноци и големиот национален протест против неговата администрација само неколку дена претходно, пишува „Индипендент“.

Слични содржини