Трамп: Мислам дека Путин и Зеленски можат да постигнат мир

од desk2
4 прегледи

Запрашан од новинарите дали е подготвен да му понуди на рускиот претседател Владимир Путин пристап до ретки минерали за да се стави крај на војната во Украина, Трамп рече дека неговата средба со Путин утре е голема, важна средба што на крајот ќе спаси многу животи.

Трамп, продолжувајќи да одговара на прашањето во Овалната канцеларија, рече дека поважната средба од онаа утре, ќе биде другата, во која би учествувале Путин, Зеленски, тој самиот и, можеби, европски лидери.

Ќе видиме дали ќе можат да се согласат“, рече тој за двајцата завојувани водачи, додавајќи дека верува оти можат да постигнат мир.

На прашањето дали утрешниот самит на САД и Русија и „другите стимулации за мир“ може погрешно да се протолкуваат како награда за Путин и „другите идни агресори“, Трамп рече оти не се согласува дека ваквите состаноци се „награда“.

Потоа тој рече дека војната никогаш не требало да се случи и повтори – како и претходно – дека не би се случила доколку останеше претседател во 2020 година.

Враќајќи се на самитот во Алјаска, Трамп повтори дека неговата цел утре е да ги постави темелите за можна втора средба меѓу Путин и Зеленски.

Потоа го заврши делот за прашања и одговори, па на новинарите им беше кажано да ја напуштат Овалната соба.

Средбата Трамп – Путин ќе се одржи во воената база „Елмендорф-Ричардсон“ утре, со почеток во 11:30 часот по локално време, односно во 21:30 часот по средноевропско време.

Со „воздухопловен конвој“ руската делегација пристигна во Алјаска

Слични содржини