Трамп на чекор до враќање во Белата куќа, ја освои и најважната клучна држава

од Nikola Popovski
90 прегледи

Според проекциите на „CNN“, кандидатот на републиканците, Донал Трамп ја освоил и Пенсилванија, па сега му требаат уште три електроски гласови за да стигне до 270 и да прогласи официјална победа.

Сè уште не се објавени официјални резултати од државите Алјаска, Аризона, Мичиген, Минесота, Невада, Пенсилванија, Висконсин и три окрузи во Мејн.

„Камала Харис може да го спои патот до победата со комбинација од освојување на државите „Син ѕид“ – Висконсин, Мичиген и Пенсилванија – и државите на Сончевиот појас – Невада и Аризона – но „нема начин да го постигне тоа без Пенсилванија“, изјавил Џон Кинг за „CNN“.

„Има уште многу држави да се избројат, но ако сакате да поставите едно прашање, таа не смее да ја изгуби Пенсилванија“, рекол Кинг.

Со 93% преброени гласови во Пенсилванија, Трамп има малку повеќе од 3 поени предност. Иако потпретседателката сè уште може да ја зголеми предноста во демократското упориште Филаделфија, потпирањето на победата таму на преостанатите гласови е „малку веројатно во моментов, но не и невозможно“.

Слични содржини