Трамп на тајна снимка: Му реков на Путин дека ќе ја бомбардирам Москва ако влезе во Украина

„На Путин му реков: Ако влезеш во Украина, ќе ја бомбардирам Москва. Немам избор“, се слуша на снимката.

од desk2
56 прегледи

Претседателот на САД Доналд Трамп на своите донатори собрани на приватен настан во 2024 година им кажал дека му се заканил на рускиот претседател Владимир Путин дека „ќе ја бомбардира Москва“ ако ја нападне Украина, се дознава од тајна аудио снимка што ја објави Си-Ен-Ен.

Ваквите искази делуваат крајно нелогично, ако се земе предвид што се случува во Украина сега.

„На Путин му реков: Ако влезеш во Украина, ќе ја бомбардирам Москва. Немам избор“, се слуша на снимката.

„Потоа Путин ми рече: `Не ти верувам`. Ама ми веруваше 10%“, додава Трамп.

Претседателот на САД тврди дека и на кинескиот претседател Сји Ѓинпинг му испратил слична порака, предупредувајќи го дека САД ќе го бомбардира Пекинг ако Кина почне инвазија на Тајван.

„Мислеше дека сум луд“, вели Трамп за Сји, додавајќи „Но никогаш немавме проблеми“.

Снимките од повеќе затворени донаторски собири во Њујорк и Флорида во 2024 година досега не се објавени во јавноста. До нив дошле новинарите Џош Доуси, Тајлер Пејџер и Ајзак Арнсдорф и тие се објавени во нивната нова книга „2024“.

Штабот на Трамп одби да ја коментира нивната содржина.

Инаку, Трамп во повеќе наврати на настани за кои станува збор се повикувал на свои наводни разговори со Путин и Сји дека би ги спречил војните во Украина и Газа кога би бил тој претседател наместо Џо Бајден – тврдење што редовно го повторува иако војните траат.

Трамп оваа седмица повторно ја искажа својата нервоза поради одбивањето мировен договор од страна на Путин, велејќи дека Путин „продава куп глупости“ на САД.

 

Слични содржини