Трамп најави дека ќе објави докази за „изборна измама“ во Џорџија

од Stefanija Kuzmanovska

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп најави дека во понеделник ќе објави извештај за „изборната измама“ што наводно се случила во државата Џорџија во 2020 година.

„Голем, сложен, детален и непобитен извештај за измамата на претседателските избори што се случија во Џорџија наскоро ќе биде завршен и ќе го презентирам на голема прес-конференција во понеделник во 11 часот во Бедминстер, Њу Џерси“, најави Трамп на неговата социјална мрежа True Social.

Тој додаде дека сите обвиненија против него и другите треба да бидат отфрлени.

Големата порота во американската сојузна држава Џорџија во понеделникот го обвини Трамп за обид да ја поништи неговата загуба од демократот Џозеф Бајден на претседателските избори во 2020 година.

Тоа е четврто кривично обвинение против Трамп и второ обвинување за обид за промена на резултатите од изборите во 2020 година.

Реагирајќи на покренувањето уште едно обвинение против него, поранешниот американски претседател рече дека се работи за политички мотивирани и измислени обвиненија.

Слични содржини