16
Поранешниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека доколку биде реизбран за претседател на САД, ќе формира комисија за ефикасност на работата на федералната влада, а на предлог на милијардерот Илон Маск, кој би бил на чело на тоа тело.
Републиканскиот претседателски кандидат тврдеше дека во 2022 година „само измамата и несоодветните плаќања ги чинат даночните обврзници стотици милијарди долари“.
Тој рече дека комисијата ќе препорача „драстични реформи“ и ќе развие план за елиминирање на измамите и несоодветните плаќања во рок од шест месеци, за што тој тврди дека ќе заштеди трилиони долари.