Американскиот претседател Доналд Трамп најави денеска нови економски санкции против Иран по иранскиот ракетен напад врз бази во Ирак каде се сместени американски војници.
– Во одговор на иранската агресија, САД итно воведуваат дополнителни економски санкции за иранскиот режим, нагласи Трамп. Американскиот претседател имаше денеска посебна изјава од Белата куќа.
– Како одговор на иранската агресија, САД веднаш ќе воведат дополнителни економски санкции за иранскиот режим. Рацете на Сулејмани беа натопени во крв, и од Американците и од Иранците. Требаше да се отстрани многу одамна. САД веднаш ќе наметнат дополнителни казнени санкции на иранскиот режим. Тие ќе останат додека Иран не ја промени своето однесување. Долго време, државите го толерираа деструктивното и дестабилизирачко однесување на Иран – тие денови завршија, беше категоричен Трамп.
– Иран мора да се откаже од своите нуклеарни амбиции и да стави крај на поддршката за тероризам, инсистираше Трамп, нарекувајќи го иранскиот генерал Касим Сулејмани убиен од САД како „врвен терорист“.
По 10-минутното обраќање, Трамп не одговори на прашања на новинарите, но испрати порака до иранските граѓани, посакувајќи им светла иднина.
– Ние сакаме да имате светла иднина што ја заслужувате. Просперитет дома и хармонија со нациите на светот. САД се подготвени да прифатат мир со секој што го бара тоа, рече на крајот Трамп.