Трамп најави увозни тарифи од 10 до 70% од 1 август

од Vladimir Zorba
28 прегледи

Претседателот на САД, Доналд Трамп, денес објави дека неговата администрација ќе почне да испраќа официјални известувања до трговските партнери за воведувањето нови тарифи што ќе стапат на сила на 1 август и ќе се движат од 10 до 70 проценти, во зависност од земјата и категоријата на производи.

Во обраќањето пред новинарите, Трамп рече дека веројатно ќе ги донесе сите одлуки за тарифите најдоцна до 9 јули, објави Блумберг.

Новиот тарифен режим е дел од претходно објавен план од април, кој беше привремено одложен за 90 дена за да се отвори простор за трговски преговори.

Слични содржини