33
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД ќе воведат нови правила за да ги спречат американските компании да ги унапредуваат воените интереси на Кина и лицата поврзани со Кина да купуваат клучни американски компании и средства.
Трамп, исто така, во петокот рече дека САД ќе ги забрзаат еколошките проценки за секоја инвестиција во САД поголема од 1 милијарда долари, објави Ројтерс.
Овие пораки од Трамп се дел од меморандумот од Белата куќа испратен до американскиот министер за финансии, милијардерот Скот Бесант.