Трамп намали затворска казна за свој пријател

од Vladimir Zorba

Американскиот претседател Доналд Трамп ја намали затворската казна за неговиот пријател Роџер Стоун, кој беше осуден во февруари на 40 месеци затвор, како дел од истрагата за руско мешање за време на претседателската кампања на САД во 2016 година, објави Белата куќа.

„Денес, претседателот Доналд Трамп нареди извршна мерка милост, за да се смени неправедната казна на Роџер Стоун“, рече Белата куќа, изјавувајќи дека отсега долгогодишниот пријател на претседателот е „слободен човек“.

Белата куќа изјави дека Стоун е жртва на „измама“ за Русија. Стоун (67) требаше да започне со издржување на казната во вторник, но тој рече пред АП дека Трамп го повикал синоќа за да му каже дека ќе ја смени казната, пренесува АФП.

Стоун беше осуден во февруари на 40 месеци затвор за лажење на Конгресот, влијание врз сведоци и блокирање на истрагата на Претставничкиот дом на САД за тоа дали Трамп бил во дослух со Русија за да обезбеди победа на претседателските избори во 2016 година.

Иако овој потег не е целосно помилување, тоа сигурно ќе ги вознемири критичарите кои веќе долго време обрнуваат внимание на интервенциите на претседателот во судскиот систем на земјата, пренесува Гласот на Америка

Слични содржини