Американскиот претседател, Доналд Трамп за време на обраќањето во Пенсилванија, ветил дека новоизградениот ѕид против мигрантите, покрај Њу Мексико и Тексас, ќе поминува и низ Колорадо, иако таа американска држава воопшто не се граничи со Мексико.
„Тоа ќе биде величенствен ѕид кој ќе ја исполни својата задача, па мигрантите нема да можат да се прекачуваат преку него, ниту да се протнуваат“, рекол Трамп.
(Kiddingly) We’re building a Wall in Colorado”(then stated, “we’re not building a Wall in Kansas but they get the benefit of the Wall we’re building on the Border”) refered to people in the very packed auditorium, from Colorado & Kansas, getting the benefit of the Border Wall!
— Donald J. Trump (@realDonaldTrump) October 24, 2019
После тој говор се појавиле многу реакции на социјалните мрежи во кои се нагласува дека Колорадо е повеќе од 500 километри оддалечен од границата, па Трамп објавил твит во кој тврди дека ѕидот во Колорадо го споменал само на шега.
„Нема да градиме ѕид во Колорадо, но сите ќе имате корист од ѕидовите кои ги споменав“, напишал американскиот претседател.
Ѕидот долж границата со Мексико со кој би требало да се спречи илегалната миграција беше во средиштето на претседателската кампања откако Трамп во 2016 победи, но се доцни со неговата изградба затоа што Конгресот одбива да одобри финансиски средства.