Трамп: Нема да бидам диктатор ако се вратам на власт, освен првиот ден

од Stefanija Kuzmanovska
315 прегледи

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека доколку се врати на власт во 2025 година, нема да биде диктатор, „освен првиот ден“.

Тој го кажа ова за Fox News, на прашањето дали ќе се одмаздува ако се врати во Овалната соба, пренесува „Политико“.

Како што објасни, тој ќе биде диктатор, пред се во однос на затворањето на границата.

„Освен тоа, јас не сум диктатор“, рече тој.

За време на кампањата, демократските кандидати често истакнуваат дека ако Трамп се врати на власт, тој ќе биде диктатор и дека ќе се одмаздува на неистомислениците.

За време на интервјуто, Трамп го критикуваше специјалниот американски советник за климата Џон Кери за неговите изјави дека електраните на јаглен мора да бидат затворени.

„Кина гради по една фабрика за јаглен неделно, огромни фабрики за јаглен и тоа го прават автоматски. А Џон Кери сака да престанеме да правиме се што можеме. Имаме држава, мораме да ги активираме нашите фабрики. Ветерот нема да ги активира нашите фабрики. Нашата земја може повторно да биде богата. Џон Кери треба да биде запрен. Тој ја уништува нашата земја“, рече Трамп и додаде дека Кери секаде патува со приватен авион додека, како што рече, зборува за борбата против климатските промени.

Слични содржини