Поранешниот американски претседател Доналд Трамп денеска изјави дека републиканците ќе ја поддржат помошта за Украина во американскиот Конгрес, но само „во форма на заем“.
„Што се однесува до законот за помош на Украина, во моментов го разгледуваме. Размислуваме тоа да го направиме во форма на заем, а не само подарок. Продолжуваме да даваме подароци од милијарди и милијарди долари“, рече Трамп.
Тој додаде дека чекорите кои Европа ги презема се многу поважни.