Трамп: Нетанјаху не беше подготвен за нападот на Хамас врз Израел

од Stefanija Kuzmanovska

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп го критикуваше израелскиот премиер, велејќи дека Бенјамин Нетанјаху не бил подготвен за нападот на палестинската милитантна група Хамас.

„Тој не беше подготвен. Израел не беше подготвен. А под Трамп не би ни морале да бидат подготвени“, навел Трамп, пренесе „Ројтерс“.

Обраќајќи им се на приврзаниците на митинг во Флорида, поранешниот американски претседател рече дека „во текот на минатата недела некои работи тргнаа наопаку“.

Слични содржини