Трамп: Никогаш во животот немам пиено пиво, ќе бев најлош ако го направев тоа

од desk2
122 прегледи

Американскиот претседател, Доналд Трамп, истакна дека никако не пие алкохолни пијалаци, нагласувајќи дека тој би се „претворил во хаос“ ако му се оддадел на алкохолот.

„Можам искрено да ви потврдам дека никогаш во животот се немам напиено пиво и тоа е една од моите добри страни. Ако го направев тоа, можете ли да замислите во каков хаос би се претворил? Ќе станев најлошиот на светот“, рече Трамп.

Првиот човек во Белата куќа зборуваше за своите навики кога станува збор за пиењето на конференцијата за новинари, во текот на која го коментираше тврдењето на кандидатот за судија во Врховниот суд, Брет Каваноа, околу консумирањето на пиво во средно училиште и на колеџ.

Постариот брат на Трамп, Фред Џеј Ар, почина после тешка борба со алкохолизмот.

Доналд Трамп, вели дека извлекол порака од искуството на Фред, братот кој порано го опишуваше како „одличен човек“, но и човек кој „има проблеми со алкохолот“.