235
Поранешниот американски претседател Доналд Трамп тврди дека ниту еден друг претседател во историјата на Америка не бил толку напаѓан како него, наведувајќи ги како пример правните процеси и обидите за негово отповикување од функцијата додека тој беше претседател на САД.
Трамп изјави за Newsmax дека двајца други претседатели се соочиле со тешки критики – Ендрју Џексон и Абрахам Линколн, кој беше убиен.
„Никој не бил третиран вака негативно, освен Трамп“, рече поранешниот претседател, објави Вашингтон тајмс.