236
Член на Претставничкиот дом на САД, републиканката Клаудија Тени, го номинираше поранешниот американски претседател Доналд Трамп за Нобеловата награда за мир, пренесува Fox News.
Таа оцени дека Трамп го заслужува тоа признание бидејќи овозможил да се постигнат првите мировни договори на Блискиот Исток по речиси 30 години.
„Со децении, бирократите, надворешнополитичките ‘професионалци’ и меѓународните организации инсистираа дека дополнителните мировни договори на Блискиот Исток се невозможни без решение на израелско-палестинскиот конфликт. Претседателот Трамп докажа дека тоа не е вистина“, навека Тени.