Трамп: Носењето заштитна маска е патриотски чин

од Aleksandar Petrovski
107 прегледи

Американскиот претседател Доналд Трамп на Твитер објави фотографија од себеси со заштитната маска на лицето и индиректно констатира дека „носењето заштитни маски е патриотски чин“.

„Сите сме обединети во нашите напори да го победиме кинескиот невидлив вирус и многу луѓе велат дека носењето маски кога е невозможно социјалното дистанцирање е патриотски чин. „Никој не е поголем патриот од мене, вашиот омилен претседател“, напиша Трамп на Твитер, заедно со фотографија на која носи маска.

Трамп го напиша тоа вчера, скоро три месеци откако американскиот центар за контрола на болести препорача носење маски.

Тој објави фотографија направена за време на посетата на воената болница во предградието на Вашингтон на почетокот од овој месец, кога за прв пат носеше маска во јавноста откако досега неколку месеци одбиваше да го стори тоа.

Според Си-Ен-Ен, Трамп се премислил мотивиран од лошите резултати во предизборните анкети.

Досега се потврдени 3,7 милиони случаи на ковид-19 и 14,5 илјади смртни случаи од оваа болест во САД.