Трамп: Обама беше многу неспособен

од Stefanija Kuzmanovska
212 прегледи

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговиот претходник Барак Обама бил многу неспособен, одговарајќи на неговите индиректни критики дека не знае да управува со земјата во време на криза пренесува хрватски „Индекс“.

„Повеќе од било што друго, оваа пандемија целосно покажа дека многумина во администрацијата не знаат што прават“, рече Обама во саботата, во ретка критика во јавноста за администрацијата на Трамп. „Некои од нив дури и не се преправаат дека знаат“, додава тој.

На враќањето од Камп Дејвид, каде престојуваше викендов, Трамп рече дека не го видел говорот на Обама.

„Видете, тој беше некомпетентен претседател. Тоа е сè што можам да кажам. Многу некомпетентен“, им рече Трамп на новинарите.

Обама, чија популарност сè уште е поголема од онаа на Трамп, во својот говор не го спомна директно актуелниот претседател.

Фокус на Обама

Трамп честопати се фокусираше на Обама во изминатите три и пол години на власт и силно се трудеше да докаже дека е подобар од него. Така, минатата недела, тој го нападна својот претходник и неговиот потпретседател Џо Бајден, за, како што тврди, големи скандали и злоупотреба на службената должност.

Трамп тврди дека Обама и Бајден знаеле дека ФБИ го истражува Мајкл Флин, поранешен краткотраен советник за национална безбедност на Трамп, кој подоцна признал во 2017 година дека ги лажел ФБИ за разговори со рускиот амбасадор во САД.

Неодамна, јавниот обвинител Вилијам Бар го отфрли случајот против Флин, но федералниот судија назначен за случајот сепак може да изрече пресуда.

Трамп ја обвинува претходната администрација за шпионирање на Флин, член на неговата изборна кампања, за да ја компромитира неговата кампања, што Трамп го нарече „Обамагејт“, алудирајќи на аферата Вотергејт кога седиштето на Демократската партија беше прислушувано за време на мандатот на републиканскиот претседател Ричард Никсон, по што Никсон поднесе оставка.

Обамагејт

Трамп тврди дека Обамагејт е поголема афера од Вотергејт.

Тој ја нарече истрагата против Флин „најголемата политичка измама во историјата“ во интервју за „Фокс њуз“.

„Сè ви е тоа Обама. Тоа е и Бајден. Овие луѓе се корумпирани. Целата работа е корумпирана и ние ги фативме“, рече Трамп.

Трамп подоцна им се заблагодари на Обама и Бајден на Твитер и напиша дека нивните постапки ѝ помагаат на неговата кампања.

„Запомнете, (Обама) и заспаниот Џо (Бајден) се причините зошто сум во Белата куќа“, напиша тој на Твитер.

Трамп исто така постојано истакна дека Обама е делумно одговорен за кризата со коронавирус, поради лошиот одговор на епидемијата на свински грип.

Слични содржини