Поранешниот американски претседател Доналд Трамп објави дека одлучил да не сведочи по втор пат на судењето за граѓанска измама во Њујорк.
Трамп на својата социјална мрежа напиша дека многу успешно сведочел минатиот месец и дека не гледа потреба повторно да се појавува, пренесе АП.
Трамп денеска требаше да се врати на говорницата како последен главен сведок на одбраната во случајот, кој ја загрозува неговата империја со недвижнини и го нарушува неговиот имиџ како успешен бизнисмен, соопшти агенцијата.