Претседателот на САД, Доналд Трамп, се закани со тужба на американскиот весник „Волстрит Џурнал“ за написот во кој му се припишува неприкладно роденденско писмо испратено до ноторно озлогласениот Џефри Епстин во 2003 година. Трамп тврди дека статијата е лажна вест, злонамерна и го оклеветува.
Според „Волстрит Џурнал“ Трамп му испратил на Епстин, поранешен финансиер обвинет за педофилија, сексуално малтретирање и подведување, во кое му го честита роденденот. Писмото било во албум со други роденденски писма што таа година ги добил поранешниот брокер.
Епстин изврши самоубиство во затворската ќелија набргу по неговото приведување во 2019 година.
Според „Волстрит Џурнал“, писмото од Трамп е прилично „похотно“ и има и цртеж на гола жена. Со својот потпис, Трамп пишува и дека „секој ден треба да биде нова прекрасна тајна“ (*Happy Birthday — and may every day be another wonderful secret*).
Внатре во контурите на голата жена е внесен печатен текст, всушност замислен разговор меѓу Трамп и Епстајн, напишан во трето лице, пишува „Волстрит Џурнал“.
„Непознат глас: Треба да има нешто повеќе од животот освен да поседуваш сѐ.
Доналд: Да, има, но нема да ти кажам што е.
Џефри: Ниту пак јас, оти го знам истото.
Доналд: Имаме некои заеднички нешта, Џефри.
Џефри: Да, сега кога ќе размислам.
Доналд: Енигмите никогаш не остаруваат, си го забележал ли тоа?
Џефри: Всушност, тоа ми беше јасно последниот пат кога те видов.
Доналд: Пријателот е прекрасно нешто. Среќен роденден – и нека секој ден биде уште една прекрасна тајна“
Албумот во кое било писмото бил дел од документи анализирани од службеници на Министерството за правда на САД во време на истрагата против Епстин и Максвел пред неколку години.
Трамп категорично одрекува дека го напишал писмото или дека го нацртал цртежот.
„Тоа не сум јас. Тоа е лажно. Ова е лажна историја на Волстрит Џурнал. Никогаш во животот не сум напишал слика. Не цртам жени. Тоа не е мојот јазик. Тоа не се моите зборови“, вели Трамп за „Волстрит Џурнал“ и се заканува дека ќе ги суди весникот и неговата компанија-мајка “Њуз Корп“ на Руперт Мардок.
Во пост на неговата социјална мрежа Трут Соушл, по објавата на написот, Трамп потврдува дека го предупредил лично Мардок, но и главниот уредник Ема Такер, дека писмото е лажно и дека ќе преземе правни дејствија.