ТРАМП ОСНОВА НОВА ПАРТИЈА: Им сврте грб на републиканците кои го „предадоа“

од Stefanija Kuzmanovska

Претседателот на САД во заминување Доналд Трамп во последните неколку дена разговарал со неговите соработници за основање нова партија, пишува „Волстрит журнал“ повикувајќи се на неименувани извори запознаени со ситуацијата.

Весникот наведува дека Трамп разговарал со неколку соработници и други блиски луѓе и дека планира новата партија да ја нарече „Патриотска партија“.

Трамп во последните неколку дена имаше несогласувања со неколку републикански лидери, вклучувајќи го и лидерот на Републиканците во американскиот Сенат Мичел Меконел, кој вчера изјави дека претседателот во заминување заслужува одговорност за предизвикување немири во зградата на Конгресот во Вашингтон на 6 јануари.

Белата куќа не ги коментираше наводите на неименуваните извори.

„Волстрит журнал“ наведува дека не е познато колку е сериозна намерата на Трамп да основа нова партија, за што ќе бидат потребни многу време и ресурси.

Трамп има голема база на поддржувачи, а голем број од нив не беа вклучени во Републиканската партија пред изборната кампања во 2016 година.

Третите партии обично не успеваа да добијат доволно поддршка за да играат поголема улога на изборите во САД, а републиканските претставници остро се спротивставуваат на секој обид за формирање нова партија.

Лидерот на републиканците во Сенатот, Мич Меконел, го нападна Трамп обвинувајќи го за предизвикување насилство во Вашингтон, а медиумите претходно објавија дека потпретседателот Мајк Пенс е бесен поради неговиот повик да ја блокира потврдата на резултатите од претседателските избори од 3 ноември 2020 година.

Белата куќа потврди дека Трамп ќе го напушти Вашингтон четири часа пред церемонијата на инаугурацијата. Според претходните извештаи, тој ќе замине од воената база Ендрус околу осум часот наутро и ќе се упати кон неговиот имот во Палм Бич, Флорида, каде ќе ги помине следните неколку дена.

loading...

Слични содржини