Трамп откри ОД ШТО НАЈМНОГУ СЕ ПЛАШИ: Тоа може да ја уништи нашата земја! (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska
527 прегледи

Поранешниот претседател на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, во своето прво големо ТВ интервју по напуштањето на функцијата рече дека граничната криза може да ја „уништи Америка“.

Трамп ја нападна администрацијата на Бајден во врска со проблемот со имигрантскиот скок во интервјуто кое му го даде на Шон Ханти од „Фокс њуз“, прво по напуштањето на претседателската функција.

– Го намалуваат колку што можат. Тоа е ужасна ситуација, која може да ја уништи нашата земја – рече поранешниот претседател.

Трамп исто така му рече на Ханти дека е загрижен за „десетици илјади“ луѓе кои ја преминуваат јужната граница со Мексико.

– Во следните неколку месеци, ќе видите нешто што досега не сте го виделе. Никогаш не се случило нешто слично на она што се случи на нашата граница. Влегуваат десетици илјади луѓе – рече Трамп.

Ова е прво големо интервју на Трамп откако ја напушти функцијата претседател на САД во јануари и се исели од Белата куќа.

На прашањето дали повторно ќе се кандидира за претседател на изборите во 2024 година, Трамп рече дека доколку Републиканската партија сака повторно да го преземе Конгресот во 2022 година, ќе мора да има кампања како неговата кампања Make America Great Again.

Слични содржини