Трамп откри што му рекол Путин пред инвазијата на Украина

од Nikola Popovski
109 прегледи

Американскиот претседател Доналд Трамп ја отфрли загриженоста на Украина во врска со неучеството во американско-руските разговори во Саудиска Арабија за ставање крај на војната во Украина и рече дека не се противи Европејците да испратат мировници во земјата доколку сакаат.

Европските лидери разговараа за испраќање мировници како безбедносна гаранција во случај на мировен договор. „Би било добро да има војници таму, јас не би се спротивставил на тоа“, им кажал Трамп на новинарите во неговата резиденција Мар-а-Лаго во Палм Бич.

Тоа е прва изјава на Трамп откако делегациите на САД и Русија започнаа дијалог за Украина во Ријад претходно во вторникот.

„Украинците можеа одамна да започнат преговори“

„Русија сака да направи нешто“, посочил американскиот претседател, истакнувајќи дека Украина можела да постигне договор пред неколку години. Тој ја отфрли украинската загриженост за исклучувањето од состанокот, додавајќи дека тие требало да започнат разговори многу порано.

„Денес слушнав „ох, не сме поканети“. Па, бевте таму три години, требаше да го завршите…никогаш не требаше да го започнете. Требаше да постигнете договор“, рекол Трамп.

Тој го обвинил и поранешниот претседател Џо Бајден за неговата политика кон Украина. „Мислам дека можам да ја завршам оваа војна“, дециден е Трамп.

Претседателот на САД изјави и дека Путин копнеел по Украина пред инвазијата. Трамп изјави за новинарите дека тој и Владимир Путин разговарале за Украина пред руската инвазија на земјата во 2022 година.

„Мислам дека сите знаеја дека ова е нешто што никогаш не требаше да се случи“, заклучил шефот на САД.

Слични содржини