Трамп: Овој ден е пресвртна точка во борбата против коронавирусот

од Nikola Popovski
178 прегледи

Американскиот претседател објави дека ФДА итно одобрила употреба на крвна плазма од опоравените од Ковид-19 за третман на луѓето кои се заразени.

На вонредна прес-конференција, Трамп ова го нарече историска пресвртна точка во борбата против коронавирусот.

„Ова е навистина историски ден. Тоа е моќна терапија која овозможува трансфузија на многу силни антитела од крвта на излечените пациенти, со цел да им се помогне на пациентите кои се борат со инфекцијата. Резултатите покажуваат дека овој третман е исклучително успешен“, рекол Трамп. и ги повикал тие што закрепнале од Ковид-19 да даруваат крв.

Третманот вклучува пренесување на антитела од оздравен пациент на пациент заразен со Ковид. Белата куќа претходно соопшти дека претседателот Доналд Трамп ќе објави „голем пробив во третманот на коронавирусот“, пандемија во која загинаа повеќе од 176.000 луѓе во САД, а заразени се скоро 5,7 милиони луѓе – повеќе отколку во која било друга земја во светот, јавува Гласот на Америка.

Ден претходно Трамп, без никакви докази, ја обвини „длабоката држава“, односно „луѓето во сенка“ во американската Агенција  за храна и лекови дека „им отежнуваат на фармацевтските компании да најдат луѓе за тестирање на вакцините и третманите“. Трамп на Твитер дури тврдеше дека официјалните претставници на ФДА „очигледно се обидуваат да го одложат наоѓањето одговор на вирусот до после изборите, на 3 ноември“. сд

Слични содржини