Претседателот на САД Доналд Трамп и се закани на Северна Кореја со последици кои земјата дури не
можеше да си ги замисли, ако Пјонгјанг тргне со удари против Вашингтон или негови сојузници.

“Ако Северна Кореја прави нешто, дури само да помисли за напади врз некој што е наш или кого го
претставуваме, против нашите сојузници против нас, тие би требало многу да се вознемирени. Знаеш
ли зошто? Затоа што во таков случај со нив ќе се случи нешто што не може дури да дси фо замислат “,
уверува шефот на американсксата држава .
Во вторникот Трамп пред новинарите изјави дека Северна Кореја не треба повеќе да упатува закани кон
САД. Тој вети дека ќе се одговори на нападите со “оган и сулфур, какви светот никогаш не видел.”
Подоцна севернокорејската агенција KCNA соопшти дека армијата разработува план за претекнување ракетен напад во американски воени објекти во Гуам, вклучувајќи ја и воздухопловната
база Андерсон, каде се распоредени стратешките бомбардери B-52. .