201
Поранешниот американски претседател Доналд Трамп плати кауција од 175 милиони долари како дел од судскиот процес во кој беше обвинет за измама во Њујорк.
Би-би-си јавува дека Трамп на тој начин ја спречил државата да му го конфискува имотот.
Да потсетиме, на Трамп првично му беше наложено да ја плати целата сума на кауцијата од 464 милиони долари, но по жалба, судот му одреди намалување на таа сума и рок од десет дена да ги подмири обврските.
Во февруари, Трамп беше обвинет за измама во смисла на лажно претставување на големите вредности на неговиот имот.