Трамп по сослушувањето: „Ова е прогон на политички противник“

од Stefanija Kuzmanovska
230 прегледи

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп изјави денеска, по завршувањето на сослушувањето пред судот во Вашингтон, дека обвинувањата против него се „прогон на политички противник“.

Тој рече дека „ова е многу тажен ден за Америка“.

„Ова е многу тажен ден за Америка, а исто така беше многу тажно да се вози низ Вашингтон и да се видат нечистотијата и распаѓањето. Ова не е местото од каде што заминав“, рече Трамп.

Поранешниот претседател на САД се изјасни за невин по обвинението кое го товари за обиди да ги поништи резултатите од претседателските избори во САД во 2020 година. Како што пренесува Би-Би-Си, на Трамп пред крајот на сослушувањето му било кажано дека не смее да комуницира за фактите за случајот против него и мора да одговори на поканата од судот во Вашингтон. Тој е запознаен и со „последиците“ доколку ги прекрши предистражните услови.

Неуспехот да се почитуваат судските препораки може да резултира со налог за апсење, отповикани услови за ослободување, притвор и обвиненија за непочитување.

Слични содржини