Трамп помилува 1.500 поддржувачи осудени за нападот на Капитол во 2021

од Nikola Popovski
30 прегледи

Поддржувачите на американскиот претседател Доналд Трамп, кои учествуваа во нападот на Капитол на 6 јануари 2021 година, со цел да го спречат Конгресот да ја потврди победата на Џозеф Бајден на претседателските избори во 2020 година, денеска ќе почнат да излегуваат од затвор. Откако новопоставениот претседател издаде наредба за помилување на 1.500 поддржувачи, Трамп ја потпиша наредбата за помилување во понеделникот, објави Ројтерс.

Реагирајќи на одлуката, лидерот на демократите во Сенатот, Чак Шумер, рече дека Трамп воведува златно доба за луѓето кои го кршат законот и се обидуваат да ја соборат владата.

Наредбата за помилување беше една од големиот број извршни наредби што Трамп ги потпиша веднаш по преземањето на функцијата во понеделникот.

Слични содржини