Трамп потпиша указ за санкции против земјите кои тргуваат со оружје со Иран

од Vladimir Zorba

Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша декрет за воведување на строги економски санкции против оние кои ќе учествуваат во испорака на ненуклеарно оружје до Иран, изјави советникот на американскиот претседател за национална безбедност, Роберт О’Брајан.

„Пред само неколку моменти, претседателот во Овалната канцеларија потпиша указ за воведување на строги економски санкции против земји, компании и приватни лица вклучени во испорака и продажба на ненуклеарно оружје на Иран“, рече О’Брајан.
Тој посочи дека указот на Трамп забранува Иран да продава оружје, но и да извезува оружје во таа земја.

„За разлика од ОН, Соединетите држави нема да дозволат Иран да биде увозник и извозник на балистички ракети и други напредни системи за оружје на Блискиот исток и светот“, рече тој.

Според О’Брајан, администрацијата на Трамп воведува санкции и ограничувања на контролата врз извозот против 27 лица, поврзани со иранската програма за развој на нуклеарно оружје.

Слични содржини