Трамп повторно ја понижи Данска: Некој брод се насука на Гренланд пред 200 години и затоа е нивен!?

од Nikola Popovski
369 прегледи

Американскиот претседател Доналд Трамп го искористи своето обраќање до медиумите по неговиот состанок со шефот на НАТО Марк Руте за да „истрела уште една доза отровни стрели“кон Данска на тема Гренланд.

„Мислам дека тоа (анексијата на Гренланд) ќе се случи. „Само размислувам, не сум размислувал многу за тоа порано, но седам со човек кој може да биде од големо значење“, рече Доналд Трамп и се сврте кон Руте.

„Марк, ова ни треба за меѓународна безбедност… затоа што имаме многу наши омилени играчи кои крстарат по брегот“, му рекол тој.

Руте, според новинар од Белата куќа, се оградил од коментарите на Трамп за анексијата на Гренланд, но кажал дека Трамп е во право за растечките ризици во северниот дел на Арктикот.

Трамп имал што да каже и за изборите кои оваа недела се случија во Гренланд.

„Личноста што постигна најдобар резултат на изборите е многу добра што се однесува до нас“, рекол претседателот на САД, додавајќи дека ќе нарача 48 мразокршачи за Гренланд, бидејќи Данска, рече тој, не е во состојба да го заштити Гренланд.

„Нивниот брод се насукал таму пред 200 години или нешто слично и тие велат дека имаат право на него? Не знам дали тоа е вистина“, се запрашал Трамп и на крајот, низ шега го прашал секретарот за одбрана Пит Хегсет дали треба да се испратат повеќе војници.

„Не одговарај на тоа, Пит“, му кажал американскиот претседател.

Слични содржини