„Ќе имаме средба со Русија, ќе почнеме со неа. Мислам дека местот ќе биде многу популарно, не сакам сега да го објавам, ќе го објавам малку подоцна денеска“, порача претседателот на САД, Доналд Трамп, во најновата изјава за неговата средба следната седмица со рускиот претседател Владимир Путин на која ќе се разговара за ставање крај на војната во Украина.
Трамп откри дека САД предлага Киев да отстапи територии, а Русија да врати дел од освоените или анектираните украински територии на Киев.
„Зеленски добива сѐ за да напредне средувањето на Украина“, рече претседателот на САД, не давајќи други детали.
Денеска истекува рокот што претседателот на САД, Доналд Трамп, му го постави на рускиот колега Владимир Путин да прикаже вистински напредок кон завршување на војната во Украина. Запрашан претходно денеска дали ќе го почитува рокот на ултиматумот, кој истекува денеска, претседателот на САД рече „Тоа зависи од Путин“.