Трамп призна: Америка изврши сајбер напад врз Русија

од Vladimir Zorba

Американскиот претседател Доналд Трамп за прв пат потврди дека во 2018 година САД извршиле таен сајбер напад врз руската Aгенција за Интернет истражување.

Агенцијата е „трола компанија“, која САД ја обвинуваат за давање помош со цел да го олесни наводното мешање на Русија на претседателските избори во САД во 2016 година и на изборите во САД во 2018 година.

Во интервју за „Вашингтон пост“, на прашањето дали тој започнал сајбер напад врз таа агенција, Трамп одговорил дека тоа е вистина, рече новинарот што го спровел тоа интервју, Марк Тајсен, јавува Си-Ен-Ен.

Тој додаде дека сајбер нападот е дел од пошироката политика на спротивставување на Русија.

„Никој не бил построг кон Русија од мене“, истакна Трамп.

Трамп тврди дека во 2016 година, тогашниот американски претседател Барак Обама, пред изборите, знаел дека Русија користи различни методи, но тој не кажал ништо, бидејќи сметал дека демократскиот кандидат Хилари Клинтон ќе победи на претседателските избори.

Трамп изјави дека, за разлика од неговиот претходник, постапил во согласност со американското разузнавање за наводната вмешаност на Русија со извршување на сајбер напад.

„Погледнете, го запревме тоа“, рече Трамп.

Си-Ен-Ен потсетува дека Обама најави санкции против Русија во 2016 година и избрка некои руски дипломати во одмазда за наводното мешање на Русија на американските претседателски избори.

Слични содржини