Претседателот на САД, Доналд Трамп, размислува за доделување политички азил на Европејци кои наводно се „таргетирани“ поради мирно изразување антимиграциски ставови или поддршка на популистички партии, објави британски „Телеграф“.
Како дел од пошироката реформа на имиграцискиот систем, приоритет би можел да им се даде на оние кои зборуваат англиски јазик и на оние кои „можат полесно да се асимилираат“ во американското општество.
Администрацијата на Трамп веќе спроведе дел од реформите, вклучително и намалување на бројот на бегалци што ги прифаќа САД – од 125.000 на само 7.500 годишно.