31
Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека нема да биде диктатор, освен првиот ден.
Според неговите сопствени изјави, има многу да се направи првиот ден во Белата куќа, пренесе АП.
Неговата листа вклучува иницирање масовни депортации на мигранти, менување на образовните политики на администрацијата на претседателот Џозеф Бајден, преобликување на федералната влада со отпуштање на потенцијално илјадници федерални вработени за кои верува дека тајно работат против него и помилување на лица уапсени за нивните улоги во немирите во Капитол Хил 6. јануари 2021 година, објави американската агенција.