32
Русија го украде проектот за хиперсонични ракети од САД за време на мандатот на поранешниот претседател Барак Обама, изјави американскиот претседател Доналд Трамп во интервју за Фокс њуз.
Според него, тоа се случило поради „протекување на документација“.
„Русија го украде проектот, тие го добија од нас. Некој лош човек им го даде проектот… Тие го украдоа за време на администрацијата на Обама, а не (Џозеф) Бајден. Иако очигледно украле многу и од Бајден, ќе слушнеме и за тоа“, рече американскиот претседател.