Американскиот претседател Доналд Трамп изјавил дека Русија повеќе сака да го види Џо Бајден на позицијата претседател на САД отколку него.
„Русија најверојатно го сака Бајден. Затоа што никој не беше остар со Русија како јас. Никој. И кога станува збор за гасоводот „Северен поток 2“, и на воен план“, рекол Трамп за телевизијата Фокс.
Претседателските избори во Америка се одржуваат на 3 ноември. Трамп се бори за втор мандат, а противник од редовите на демократите ќе биде 77-годишниот Бајден.