Трамп сака да ги повлече американските трупи од Германија и да ги премести во Источна Европа

од Vladimir Zorba
384 прегледи

Цитирајќи неименуван, добро информиран извор близок до Белата куќа, британскиот весник „Телеграф“ открива дека Доналд Трамп размислува да ги повлече американските војници од Германија и да ги премести во Источна Европа.

Британскиот весник пишува дека Трамп размислува за повлекување на околу 35.000 активни американски војници стационирани во Германија, оценувајќи дека таквата одлука дополнително ќе ги влоши односите меѓу САД и Европа.

Американскиот претседател, кој постојано предупредуваше дека Европа мора да посвети поголемо внимание на своите одбранбени способности, е сè понезадоволен од поддршката на Европа за продолжување на војната во Украина, наместо за прекин на конфликтот, велат извори блиски до администрацијата.

Слични содржини